• четврток, 26 декември 2024

Радио Слободна Европа ја тужи Русија пред Европскиот суд за човекови права

Радио Слободна Европа ја тужи Русија пред Европскиот суд за човекови права
Вашингтон, 19 мај 2021 (МИА) - Американската радио станица Радио Слободна Европа/Радио Слобода (РСЕ) денеска поднесе тужба до Европскиот суд за човекови права поради одлуката на руските власти да ја прогласат за „странски агент“. Русија годинава парично ја казни РСЕ и и ги замрзна банкарскитре сметки во Москва, поради тоа што американската радио станица упорното одбива да признае дека „извршува  функциите на странски агент“. РСЕ не признава дека е „странски агент“, што има негативни конотации од времето на Советски сојуз и не сака да ја обележува својата програма, а  ја обвинува Русија дека ја крши слободата на изразување и слободата на медиуми. Согласно руските закони невладини организации, медиуми или лицата финансирани од странство, кои се политички активни се означени како „странски агенти“. Поради тоа се  подложни на дополнителна бирократска контрола. Неодамна два популарни руски медиуми, меѓу кои и порталот Медуза, беа обележани како „странски агенти“. ми/

Остани поврзан