• сабота, 23 ноември 2024

Радев ќе се сретне со кандидатите за шеф на привремената влада на Бугарија

Радев ќе се сретне со кандидатите за шеф на привремената влада на Бугарија

Софија, 21 август 2024 (МИА) - Во рамки на уставната постапка за назначување на привремена влада, претседателот на Бугарија Румен Радев денеска ќе одржи средби и разговори со лицата утврдени во член 99, став 5 од Уставот, кои може да бидат назначени за привремен премиер. Ова го соопштија од прес-службата на бугарскиот претседател.

Согласно член 99 од Уставот, откако не е постигната согласност за формирање на влада, претседателот, по консултации со парламентарните групи и по предлог на кандидатот за привремен премиер, назначува привремена влада и закажува нови избори во рок од два месеци. По измените на Уставот, претседателот може да избира привремен премиер меѓу претседателот на Народното собрание, гувернерот или заменик гувернерот на Бугарската народна банка, претседателот или заменик-претседателот на Државниот ревизорски суд и омбудсманот или неговиот заменик.

Во понеделникот, Радев изјави дека нема да го потпише указот за привремената влада предложена од Горица Грнчарова-Кожарева. Причината е одбивањето на кандидатот за привремен премиер да го смени министерот за внатрешни работи Калин Стојанов.

Претседателот побара од Народното собрание да го дополни списокот од кој може да избере привремен премиер. ссм/

фото: архива

Остани поврзан