• сабота, 28 декември 2024

Радев: Очекувам ова Народно собрание, за разлика од претходните, да го поддржи европскиот курс на земјата поставен од преодната влада

Радев: Очекувам ова Народно собрание, за разлика од претходните, да го поддржи европскиот курс на земјата поставен од преодната влада

Софија, 12 април 2023 (МИА) - Очекувам ова Народно собрание, за разлика од претходните, да го поддржи европскиот курс поставен од преодната влада со усвојување на законите што ги изготви во рамките на Планот за закрепнување и одржливост, што ќе привлече значителни финансиски средства и ќе ги забрза реформите потребни за модернизација на земја, истакна претпладнево бугарскиот претседател Румен Радев на конститутивната седница на новото 49-то Народно собрание.

Според Радев, на 49. Народно собрание му е доделена судбинска улога.

-Сите очекуваме, час поскоро, да се донесе долго одложуваната одлука - не само за излез од политичката криза, туку и за одбрана на европската перспектива на земјата и нашата иднина како демократско општество, потенцираше бугарскиот претседател на отворањето на седницата на парламентот. сд/

Остани поврзан