• недела, 24 ноември 2024

Радев од утре почнува консултации со претставници на парламентарните групи во 49. Народно собрание на Бугарија, први се ГЕРБ-СДС

Радев од утре почнува консултации со претставници на парламентарните групи во 49. Народно собрание на Бугарија, први се ГЕРБ-СДС

Софија, 19 април 2023 (МИА) – Бугарскиот претседател Румен Радев утре ги почнува консултациите со претставници на пратеничките групи застапени во новото 49. Народно собрание, соопшти прес-службата на шефот на државата.

Први на листата за консултации се победниците на предвремените парламентарни избори, одржани на 2 април, коалицијата ГЕРБ-СДС, со чии претставници Радев ќе се сретне утре, 20 април, во 15 часот.

Претседателот од 17 часот ќе ги прими претставниците на пратеничката група на „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“, кои како коалиција завршија втори на изборите.

Претходно денеска за претседател на Собранието беше избран Росен Желјазков од ГЕРБ-СДС, откако ја доби поддршката од 136 народни пратеници од ГЕРБ-СДС, „Промените продолжуваат-Демократска Бугарија“ и „Има таков народ“, а 94 беа воздржани и тоа од партијата „Преродба“, ДПС и „БСП за Бугарија“. сд/

Остани поврзан