• петок, 20 декември 2024

Радев: Механизмот за спроведување на договорот за пријателство со Република Северна Македонија мора да доведе до одржливи резултати во нашите односи

Радев: Механизмот за спроведување на договорот за пријателство со Република Северна Македонија мора да доведе до одржливи резултати во нашите односи
Софија, 16 септември 2022 Договорениот механизам за имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Северна Македонија мора да доведе до одржливи резултати во билатералните односи, што ќе стане солидна основа за поддршката на нашата земја за реализација на европската перспектива на нашиот југозападен сосед.   Ова го истакна претседателот Румен Радев на работна средба со вршителот на должноста министер за надворешни работи Николај Милков и претставници на неговиот тим, на која шефот на државата беше информиран за развојот на дијалогот со Република Северна Македонија за спроведување на договорот меѓу двете земји од 2017 година и Протоколите од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија од член 12 од истиот, соопштија од прес-службата на претседателот. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информациии професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.  Достигнувањата во политичкиот дијалог треба да се материјализираат како на полето на енергетиката, економијата и поврзаноста, така и во однос на градење добрососедски односи и почитување на човековите права, беше констатирано на средбата. Генералниот став беше дека вклучувањето на Бугарите во Република Северна Македонија во Уставот на земјата е важен чекор во контекст на почетокот на преговорите за членство во ЕУ, се наведува во соопштението. На 17 јули годинава беше потпишан протокол од Вториот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија од чл. 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, од министрите за надворешни работи на двете земји, Теодора Генчовска и Бујар Османи. Средбата се одржа во Министерството за надворешни работи во Софија, на која беше разгледана имплементацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и беа договорени мерките за негово ефикасно спроведување во следниот период. Генчовска коментира дека потпишаниот протокол е составен дел од пакетот на т.н Француски предлог заедно со преговарачката рамка и заклучоците на Советот на ЕУ. БТА ____________________________________________________________________________ Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА  

Остани поврзан