• среда, 25 декември 2024

Радев: Зголемениот бизнис интерес кон Иницијативата на трите мориња е доказ за потенцијалот на Балканот

Радев: Зголемениот бизнис интерес кон Иницијативата на трите мориња е доказ за потенцијалот на Балканот
Софија, 18 мај 2021 (МИА) - Претседателот на Бугаријна, Румен Радев на меѓународната конференција, посветена на можностите за финансирање на Инвестицискиот фонд на Иницијативата на трите мориња, истакна Иницијативата создава можност за економска раст, поврзување на земјите, социјална и економска кохезија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев истакна дека интересот за Иницијативата на трите мориња кај различни земји низ светот, што е показател за големиот потенцијал на регионот. - Бугарија гледа подалеку од географските и временските ограничувања во регионот за да најде интелигентен развој на проектите во Иницијативата. Мора да се бараат нови можности за напредок на Балканот, поради што Бугарија ја покани Грција како гостин на Самитот на трите мориња, на кој Бугарија ќе биде домаќин оваа година. Потребно е целосно да се обезбеди поврзување на линијата север-југ, а важните транспортни, енергетски и дигитални врски минуваат преку границата на Бугарија со Грција посочи Радев образлагајќи ги приоритетите на бугарското претседателство со Иницијативата за три мориња. Тој како еден од приоритетите ја наведе и поврзаност во областа на науката, образованието, технологијата и иновациите. Радев ја посочи и важноста за зајакнување на односите на Иницијативата со нејзините стратешки партнери - САД, Европска комисија и Германија. Во Иницијативата на трите мориња учествуваат 12 земји кои се наоѓаат помеѓу Балтичко, Црно и Јадранско Море. нк/ми/

Остани поврзан