• среда, 13 ноември 2024

Радев ја повика новата ЦИК да започне со работа за парламентарните избори на 11 јули

Радев ја повика новата ЦИК да започне со работа за парламентарните избори на 11 јули

Софија, 7 мај 2021 (МИА) - Сите 15 кандидати за новиот состав на Централната изборна комисија ги исполнуваат законските услови, рече бугарскиот претседател Румен Радев по нивното јавно сослушување.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на говорот на претседателот Радев, тој ја повика новата ЦИК да ги започне подготовките за предвремени избори, потврдувајќи дека гласањето ќе биде на 11 јули.

Шефот на државата очекува политичките контроверзии да не бидат пренесени во Комисијата, велејќи дека 4 јули е апсолутно невозможен датум, бидејќи новата ЦИК нема како да се справи, затоа што тоа, според него, би било во спротивност со законот.
Според Радев, предвремените парламентарни избори во Бугарија во никој случај не можат да се одложат по 11 јули, бидејќи, како што рече, „има ставови и тврдења дека оваа политичка конфигурација во бугарскиот Парламент навистина не може да издржи“, а и изборната активност во јули, август, првата половина на септември, не беше постигната.
Номинираната за претседател на ЦИК, Камелија Нејкова рече дека новата комисија ќе се справи со предизвиците за промена на Изборниот законик, додавајќи дека има и ќе има тешкотии.
Според неа, новите моменти во изборното законодавство на Бугарија поставуваат задачи што мора да се исполнат многу одговорно.
Таа изрази надеж дека членовите на ЦИК ќе работат толерантно едни со други, со многу добар и ефикасен дијалог со институциите вклучени во изборниот процес, со транспарентност и публицитет во нивните активности и со голема кампања за подигање на свеста. нк/

Остани поврзан