• сабота, 23 ноември 2024

Раб: ЕУ нема да ги спречи добавувачите за дистрибуција на вакцини во Британија

Раб: ЕУ нема да ги спречи добавувачите за дистрибуција на вакцини во Британија
Лондон, 30 јануари 2021 (МИА) - Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб денеска изјави дека ЕУ го уверила дека не сака да ги наруши испораките на вакцини против Ковид-19 во Велика Британија. „ЕУ ме увери дека нема намера да ги спречува добавувачите да ги исполнуваат договорите за дистрибуција на вакцини во Велика Британија“, напиша Раб на Твитер. Раб посочи дека пандемијата може да заврши само со меѓународна соработка. Британскиот министер за Брегзит, Мајкл Гов рече дека ЕУ признала дека направила грешка кога накратко се обидела да го ограничи извозот со повик за итна клаузула за Брегзит. - Тие признаа дека згрешиле и верувам дека сега можеме да се концентрираме на успешна програма за вакцинирање, изјави Гов за Скај њуз. паг/

Остани поврзан