Работнички последен полуфиналист во одбојкарскиот Куп
- Работнички 71&22 е последниот патник во полуфиналето од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) во машка конкуренција.

Скопје, 27 февруари 2025 (МИА) – Работнички 71&22 е последниот патник во полуфиналето од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) во машка конкуренција.
Одбојкарите на Работнички ја комплетираа полуфиналната „четворка“, откако синоќа во последното четвртфинале со 3:0 (25:23, 28:26, 25:19) ја победија Шкендија во Тетово.
Со тоа, Работнички им се приклучи на одбојкарите на Струмица, Борец Велес и Штип Угд на завршниот турнир.
Домаќин на финалниот турнир ќе биде Штип. ег
ФОТО: ОФМ