• вторник, 24 декември 2024

Работнички, Еуро Никел и Пелистер полуфиналисти, МЗТ и Куманово ќе играат „мајсторка“

Работнички, Еуро Никел и Пелистер полуфиналисти, МЗТ и Куманово ќе играат „мајсторка“
Скопје, 21 мај 2021 (МИА) – Екипите на Работнички, Еуро Никел и Пелистер обезбедија вечерва пласман во полуфиналето од плејофот во македонското кошаркарско првенство, додека последниот патник ќе биде одлучен во трет натпревар меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Куманово. Еуро Никел со максимални 2:0 ја елиминираше екипата на Гостивар по вечерашниот триумф на гостински терен со 74:68. До втора победа во дуелот со градскиот ривал ТФТ дојде и скопски Работнички триумфирајќи во СРЦ „Кале“ со 86:80, додека Пелистер беше убедлив на гостувањето кај ФМП Академија со 87:45 за втора победа во меѓусебната пресметка. По поразот во средата во Скопје од МЗТ Аеродром, кошаркарите на Куманово израмнија во серијата до две победи, откако во неизвесен натпревар славеа на домашен терен со 99:95. „Мајсторката“ по која ќе биде познат последниот учесник на кошаркарскиот плејоф ќе се игра в недела на теренот на МЗТ Скопје. Работнички во полуфиналето ќе игра против Еуро Никел, додека победникот од пресметката меѓу МЗТ и Куманово за противник ќе ја има екипата на Пелистер.вг/свс

Остани поврзан