• среда, 25 декември 2024

Работнички го засили нападот со двајца интернационалци од Гамбија

Работнички го засили нападот со двајца интернационалци од Гамбија
Скопје, 12 август 2021 (МИА) - Ебрима Баџие и Ламин Дарбо, се нови фудбалери на Работнички, објави клубот. Ебрима Баџие има 22 години и може да настапува како офанзивен играч за врска и како крилен напаѓач, а доаѓа од тимот на Брикама Јунајтед од Гамбија. Додека, осумнаесет годишниот Ламин Дарбо е централен напаѓач, и, исто така, има настапувано во првенството на Гамбија. Ламин Дарбо е помлад брат на Дембо Дарбо, кој во минатото настапуваше за Шкупи. ар/лв/  

Остани поврзан