• среда, 25 декември 2024

Работна средба на претседателот на Уставниот суд Костадиновски со полскиот амбасадор Кшиштов Гжелчик

Работна средба на претседателот на Уставниот суд Костадиновски со полскиот амбасадор Кшиштов Гжелчик

Скопје, 24 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски денеска одржал проштална средба со полскиот амбасадор во земјава, Кшиштоф Гжелчик, на која присуствувал и почесниот конзул на Република Полска во Република Северна Македонија, Коста Костовски. 

Костадиновски, како што соопшти Уставниот суд, го информирал амбасадорот за приоритетите во неговиот мандат кои ќе се спроведат преку неколку активности и програми, како и за клучните предизвици со кои се соочува Уставниот суд. 

-Во тој контекст претседателот Костадиновски истакна дека реформата која ќе се спроведе со стапувањето во сила на новиот Акт на Судот од септември оваа година, како новина во уставното судство очекува да даде значаен придонес во заштитата на основните слободи и права на човекот и граѓанинот, како и во апстрактната уставно-судска контрола, соопшти Уставниот суд.

Амбасадорот Гжелчик ги поздравил највените приоритети и ја потврдил досегашната соработка меѓу двете држави и најавил дека ќе се заложи за унапредување на односите помеѓу уставните судови на Република Северна Македонија и Република Полска. 

Костадиновски  изразувајќи задоволство од постигнатото ниво на севкупна соработка помеѓу двете пријателски држави изразил надеж и очекување дека во наредниот период ќе се воспостави билатерална соработка  и во областа на уставното судство. Во тој контекст упатил формална покана до претседателката на Уставниот трибунал на  Република Полска Јулија Пшилебска за посета во најскоро можно време. дма/ац/

Фото: Уставен суд

Остани поврзан