• четврток, 26 декември 2024

Работна средба на Македонската берза со Сојузот на стопански комори

Работна средба на Македонската берза со Сојузот на стопански комори

Скопје, 28 март 2023 (МИА) - По повод одбележување на годишнината од првиот ден на тргување на Македонска берза - 28 март 1996 година, главниот извршен директор на Македонската берза АД Скопје, Иван Штериев и неговиот тим ќе имаат работна средба со членките на Сојузот на стопански комори, предводени од претседателот на оваа Комора, Трајан Ангелоски.

Како што соопштуваат од Македонската берза, целта на средбата е бизнисмените одблиску да се информираат за можностите што ги нуди Берзата и македонскиот пазар на хартии од вредност, подетално да се запознаат со условите за котација на Берзата и моменталните пазарни сегменти, односно да го проследат берзанското тргување во живо и да видат како се склучуваат трансакциите со хартии од вредност.

Настанот е во заедничка организација на Берзата и Сојузот на стопански комори и се одржува во рамките на веќе потпишаниот Меморандум за соработка меѓу двете институции, а има за цел да го поттикне бизнис секторот своите инвестициски проекти да ги реализира и преку пазарот на капитал.

Средбата е и почеток на поинтензивна меѓусебна билатерална соработка во наредниот период, наведуваат од Македонската берза АД Скопје. вг/сп/

Остани поврзан