• среда, 13 ноември 2024

Работна средба на директорите на полициите на Северна Македонија и на Црна Гора

Работна средба на директорите на полициите на Северна Македонија и на Црна Гора

Скопје, 22 февруари 2024 (МИА) - Во период од 21 до 23 февруари 2024 година, во работна посета на Северна Македонија, како гостин на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски престојува директорот на Управа на полиција на Црна Гора Зоран Брџанин.

Како што информира МВР, работниот дел, кој се одржал денеска бил искористен за средба меѓу двајцата директори и членови на црногорската и македонската делегација во просториите на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.

Средбата поминала во исклучително пријателска атмосфера, биле разменети искуства од заеднички интерес помеѓу двете делегации, а како заклучок произлегла идната соработка во областа на криминалистичко разузнавање и спроведување на заеднички обуки на специјалните полициски единици на двете земји.

За време на работниот дел од посетата денеска директорот на Управата на полиција на Црна Гора Брџанин ќе има можност да ги посети специјалните единици при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Тасевски да положи свежо цвеќе на спомен плочата на загинати припадници на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР. сст/нд/

фото МВР

Остани поврзан