• петок, 08 ноември 2024

Работна посета на техничкиот министер Велковски на Југоисточниот регион

Работна посета на техничкиот министер Велковски на Југоисточниот регион

Скопје, 2 април 2024

 

Во рамките на теренски посети на Центрите за социјални работи кои периодов ги остварува  Министерот Ѓоко Велковски денеска и посети Центрите во Валандово и Гевгелија.  Центрите за социјална работа мора да бидат сервис на оние на кој што се најпотребни. Ова го заклучивме од работната средба со вработените во ЦСР Гевгелија – потенцира Велковски.

“Центарот е првата карика во системот на социјална и детска заштита и доколку тиe не функционираат, системот се распаѓа. Евидентно е нефункционирањето на системот и слабостите кои денеска ги гледаме.”

Посетата на Центарот за социјална работа Валандово беше искористена да искористена  да се разговара за актуелните проблеми и системски пропусти при доделување на социјалната помош. Раководството ми потврди дека се најдени вакви случаи и во наредниот период ќе се работи на ставење на системот на здрави нозе со цел социјалната помош да стигне до вистинските корисници.

Покрај работните средби беа остварени четири средби со пензионерите од Југоисточниот регион и тоа од Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија.

Нивните барања и проблеми се скоро идентични. Велат дека никогаш не било полошо за нив.

Ги знаеме нивните барања и сигурен сум дека ќе има решение за истите. Дури 220.000 пензионери се со под 20.000 денари пензија. Така да тоа е две третини од вкупниот број на пензионери во државата кои што за жал примаат под 20 илјади пензија. Алармантна е навистина состојбата и ќе излеземе во пресрет на нивните барања коишто ги доставуваат до нас – посочи Велковски на средбите. 

Немам пари да го дочекам крајот на месецот - вели еден пензионер од Богданци.

“Пензиите коишто ги земате не се доволни. Тоа го знам, тоа верувам дека е така и тоа секој еден пензионер којшто ќе го сретнам ми го кажува дека пензиите не стигнуваат ни за 15 дена од месецот.

Вие сте ја граделе оваа држава и не смеете да бидете оставени на цедило.

Заслужувате да имате достоинствена старост, да имате достоинствени пензии за вас и за внучињата.

Во наредниот период мораме да работиме на системска правичност која нема да зависи од било какви политички одлуки.”

Министерство за труд и социјална политика

Фото: МТСП

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан