• вторник, 24 декември 2024

Работната група што ќе ја утврдува минималната пензија ќе почне да работи утре

Работната група што ќе ја утврдува минималната пензија ќе почне да работи утре

Скопје, 5 септември 2023 (МИА) - Работната група за измени или ново законско решение за пензиско и инвалидско осигурување за минимална пензија и социјални мерки за пензионерите со ниски пензии ќe почне со работа утре, најави министерката за  труд и социјална политикa Јованка Тренчевска.

-Ќе се разгледуваат сите пристигнати предлози од здруженија на пензионери, од иницијативни одбори на пензионери кои протестираат, Партија на пензионери и други чинители, изјави Тренчевска во гостување на МРТВ1 и посочи дека заклучоците на работната група ќе бидат доставени до Владата која ќе донесе конечна одлука.

Секоја политика која нема да биде добра и, како што рече, ќе оди на товар на буџетот на Фондот, ќе го зголеми дефицитот на пензискиот систем.

-Затоа сме насочени кон добри политики и мерки кои ќе го задржат пензискиот систем стабилен и за овие 336 000 пензионери и за идните генерации пензионери, истакна Тренчевска.

Министерката посочи дека ќе се креираат мерки во чиј фокус ќе бидат пензионерите со пониски пензии, како и оние кои живеат сами.

-Пензионерите да бидат спокојни, пензиите ќе продолжат да се исплаќаат редовно, секој први во месецот, порача Тренчевска. хс/ цр

Фото: МТСП

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан