• четврток, 26 декември 2024

Работилници за инспекциските служби во Општина Кисела Вода

Работилници за инспекциските служби во Општина Кисела Вода
Скопје, 6 јуни 2022 (МИА) - Работилници наменети за локалните инспекциски служби од општините во Скопскиот регион и Град Скопје, денеска се одржуваат во големата сала на Општина Кисела Вода. -Во насока на обезбедување на ефикасност, компетентност, независност и транспарентност во заштитата на јавниот интерес, денеска стотина инспектори учествуваат на овие работни средби, каде предавачи се Благоја Гешоски, експерт и член на Инспекциски совет, и Мери Петреска од Државниот инспекторат за земјоделство. Темите на кои денес се дискутира се Зајакнување на соработката меѓу Инспекцискиот совет и локалните инспектори, Законот за инспекциски надзор, општините и неговата примена и како до ефикасна инспекциска служба на локално ниво, преку примена на Законот за прекршоците, информираат од општина Кисела Вода. Оттаму известуваат дека овие активности се организираат во рамки на проектот „Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните“, што го спроведуваат партнерските организации НВО Инфоцентар од Скопје, Центарот на заедницата на општина Струга и Регионалниот центар за соработка „Спектар“ од Крива Паланка. -Проектот е поддржан од програмата Цивика Мобилитас, а се спроведува во соработка со Инспекцискиот совет на Република Македонија, соопштуваат од општината.ир/са/

Остани поврзан