• четврток, 19 декември 2024

Работилница „Улогата на лицата одговорни за внатрешно пријавување за ефикасна имплементација на Законот за заштита на укажувачи“

Работилница „Улогата на лицата одговорни за внатрешно пријавување за ефикасна имплементација на Законот за заштита на укажувачи“

Скопје, 7 октомври 2022 (МИА) - Во рамките на проектот „Застапување на имплементација на законодавство за укажувачите во Македонија“ поддржан од грант на Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund на САД и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград, Транспаренси Интернешнл - Македонија денеска во Скопје организира работилница на тема „Улогата на лицата одговорни за внатрешно пријавување за ефикасна имплементација на Законот за заштита на укажувачи“.

Работилницата се организира во соработка со Државната комисија за спречување на корупција. На работилницата, како што е најавено, ќе говорат претседателката на Транспаренси Интернешнл - Македонија,  Слаѓана Тасева, претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска и  лицето одговорно за внатрешно и надворешно пријавување во ДКСК, Ирена Поповска. дма/са/

Остани поврзан