• сабота, 23 ноември 2024

Работилница: Со разгорувањето на војните, се зголемува потребата од специјализирани новинари за конфликтни подрачја

Работилница: Со разгорувањето на војните, се зголемува потребата од специјализирани новинари за конфликтни подрачја

Скопје, 5 октомври 2024 (МИА) - Како што се разгоруваат војните во Европа и на Блискиот Исток, државите постапено почнуваат да ја менуваат својата реторика во однос на безбедноста. Србија и Хрватска воведоа воен рок, се набавуваат ракети и оружје во земјите во регионот. Но, колку новинарите се разбираат во безбедносните теми и колку реално можат да одговорат на предизвиците, беше темата на денешната работилница „Одбранбени и безбедносни вести на Балканот: предизвици, дезинформации и соработка“ во Скопје, што се одржа како вид рекапитулар на конференцијата што вчера и завчера ја организираа Балканската безбедносна мрежа и Стејт департментот.

Како што беше речено, генерално не постојат проценки колку новинари од земјава би можеле да одговорат на ваквите предизвици, но постои волја.

-Досега во пракса известуваме само од настани за воени вежби. Ако порано сме имале специјализирани новинари строго на теми поврзани со Армијата, одбраната и безбедноста, тоа сега не е така зашто нашите медиуми се економски слаби, пазарот е реалтивно ограничен, а и потребата за специјализирани новинари е намалена. Но, како што се менува состојбата во државите, така се менува и кај нас, во нашата фела, оцени новинарот Александар Србиновски.

Според него, денешната работилница е една од неколкуте организирани во регонот, каде новинарите се пријавуваат за соработка и специјализација.

Дводневната конференција беше насловена „Влијанието на пролиферацијата на напредното конвенционално оружје на безбедноста и диверзификацијата на набавките и модернизацијата“. мч/дма/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан