• вторник, 24 декември 2024

Работилница против врсничко насилство

Работилница против врсничко насилство

Скопје, 11 ноември 2024 (МИА) - Во Кинотека на Македонија денеска ќе се одржи работилница против врсничко насилство наменета за родители во рамки на општествено одговорната кампања „Крени глас против врсничко насилство“.

Досега се одржани четири работилници. На сите нив, како и на денешната петта работилница за стручниот аспект ќе биде задолжен психолог кој долги години работи со проблемот со булингот.

Пред Општина Карпош, организирани беа работилници и во Центар, Куманово и во Кочани, каде што учествуваа и граѓани од Виница и Берово.

-Освен што се стекнаа со знаења за булингот, родителите на овие едукативни средби споделија и искуства со врсничкото насилство, а беа дел и од конструктивни дискусии и размена на мислења. Дел од сите овие средби беа и членови на стручните служби на општинските основни училишта кои зборуваа за својата работа со децата во случаи на булинг, велат организаторите.

Во првиот дел од кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ ученици од над 150 училишта се стекнаа со знаења за булингот на работилници предводени од психолог.

-Освен преку овие средби, кои што на учениците им обезбедија едукација за булингот, но и директна поддршка, дел од соработката со општините беше и достава на материјали испечатени од „Макпетрол“. Физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството се формите на булинг, а токму тие се подетално обработени и претставени во споменатите едукативни прирачници. Тие се наменети за децата, но и за нивните родители и наставници, нагласуваат од компанијата „Макпетрол“ кја е организатор на работилниците.

Информации, совети и искуства поврзани со булингот можат да се најдат на интернет-страницата kreniglas.mk.

Со кампањата „Крени глас против врсничко насилство“, „Макпетрол“ реализира еден од своите стратешки приоритети - општествената одговорност. Преку активностите и јавната комуникација на оваа тема, компанијата цели кон обезбедување поддршка на младите генерации, како клучни за развојот на земјата. Младите и во иднина ќе бидат значаен дел од општествено одговорните активности на македонската компанија. сст/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан