• петок, 27 декември 2024

Работилница „Планска програма за зелено и хумано Скопје”

Работилница „Планска програма за зелено и хумано Скопје”
Скопје, 17 јануари 2022 (МИА) -  Во организација на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, денеска и утре во големата сала на Советот на Град Скопје, ќе се одржи работилница на тема „Планска програма за зелено и хумано Скопје”. Работилницата е во рамките на иницијативата „Нов ГУП за зелено и хумано Скопје“, која започна со одржување на онлајн дебата во декември. -Главна цел на работилницата е да даде насоки за изработка на Планска програма врз претходно усогласени цели за тоа каков град сакаме - компактен или дисперзиран, загаден или чист, во кој царуваат автомобили или пешаци, кој е енергетски силно зависен од државата или е назависен, велат организаторите. дма/са/

Остани поврзан