• петок, 27 декември 2024

Работилница на тема „Опасноста од неексплодирани убојни средства: примена на дигитални технологии во справувањето“

Работилница на тема „Опасноста од неексплодирани убојни средства: примена на дигитални технологии во справувањето“
Скопје, 12 ноември 2021 (МИА) - Факултетот за безбедност – Скопје од денеска до 14 ноември организира работилница на тема „Опасноста од неексплодирани убојни средства: примена на дигитални технологии во справувањето“.
Настанот има за цел зголемување на свеста кај јавноста за опасноста од неексплодираните убојни средства, а работилницата се спроведува со цел утврдување на постигнувањата во рамките на ВЕКТОР проектот  - двегодишен проект финансиран од страна на НАТО Програмата Наука за мир и безбедност, заеднички со крајните корисници (ДЗС и МВР).
Во текот на работилницата која ќе се одржи во Охрид, ќе се дискутира и за предизвиците кои постојат при справувањето со неексплодирани убојни средства и импровизирани експлозивни направи и начините на кои модерната технологија може да се примени во операциите за нивно неутрализирање, а по завршување на работилницата, ќе се спроведе и акција – кампања за подигнување на свеста за опасноста од неексплодирани убојни средства меѓу граѓаните на Охрид.
Проектот е имплементиран од CENTRIC – Центарот за извонредност во истражувањата на тероризмот, отпорноста, разузнавањето и организираниот криминал при Шефилд Халам Универзитетот од Обединетото Кралство, во соработка со Факултетот за безбедност – Скопје, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола, Школата за наука и технологија при Универзитетот во Сараево (SSST), Босна и Херцеговина и CERTH – Центарот за истражувања и технологија Хелас од Грција. ар/вг/

Остани поврзан