• четврток, 26 декември 2024

Работилница „Канали на чувства“ на кореографот Џастин Кабриљос во МКЦ

Работилница „Канали на чувства“ на кореографот Џастин Кабриљос во МКЦ
Скопје, 4 октомври 2022 (МИА) - Кореографот, уметник и писател Џастин Кабриљос, кој живее и работи во Бруклин денеска во МКЦ ќе одржи работилница насловена „Канали на чувства“. Целта на работилницата е истражување како емоциите циркулираат низ телото, и е наменета за изведувачи како и за оние без искуство. Оваа работилница е во организација на Центарот за нови иницијативи во културата и уметноста од Скопје - Локомотива, а во соработка со „Movement Research“ од Њујорк. Учесниците заедно со Џастин ќе се движат користејќи слики, медитација и задачи кои охрабруваат различни начини на восприемање и отелотворување на емоционалните состојби и неименливите сензации. -Практичните вежби ќе стават акцент на тоа како можеме индивидуално да се поврземе со различните емоции и чувства што се складираат/таложат во нашите тела. Целта на работилницата е да се раздвојат емоциите од физичкото, за да се откријат алтернативни начини на движење и како да се постои паралелно со овие емоции, соопштија организаторите. Покрај работилницата, Џастин Кабриљос ќе одржи и предавање за студентите од танцовата насока на Универзитетот „Гоце Делчев” како дел од програмата GPS/Global Practice Sharing или ГПС/Глобални практики на споделување. Неговиот престојот е дел од резиденцијата „Танц во (не)демократија“ чија цел е поттикнување на колективно размислување, размена, разговори и споделување за улогите и праксите на танцовите уметници во општествени и политички ситуации. Џастин Кабриљос е кореограф, танцов уметник и писател со седиште во Бруклин. Тој е резидентен уметник во за Movement Research 2017 во година. Бил истражувач за danceWEB во 2016 година на ImPulsTanz, и е добитник на Greenhouse грантот во 2011 година од Dancemaker's форумот во Чикаго, LinkUP (Чикаго) резидентен уметник во 2011 година и соработник од 2008 година на Факултетот за уметност Окс-Боу/ Ox-Bow. Работел на нарачани дела за серијата IN>TIME во Чикаго, а неговиот последен проект Holdings, е нарачан од Danspace Project и поддржан од резиденцијата Chez Bushwick. Тој е магистер на Факултетот за уметнички институт во Чикаго и магистер по англиска литература на Универзитетот во Вашингтон во Сиетл.бт/мд/

Остани поврзан