• сабота, 23 ноември 2024

Работилница за превенција од трговија со луѓе за основци во Ранковце

Работилница за превенција од трговија со луѓе за основци во Ранковце
Крива Паланка, 18 октомври 2022 (МИА) - Општинската организација на Црвен крст од Крива Паланка во соработка со надлежните институции од градот и регионот  за основците од Општина Ранковце организираше работилница за спречување на трговија со луѓе. - По повод 18 октомври - Европски ден на борба против трговија со луѓе, организиравме работилница за превенција на која присуствуваа младите од осмо и деветто одделение од основното општинско училиште „Христијан Тодоровски - Карпош" од Општина Ранковце. Превентивните лекции имаат за цел подигнување на свеста на младите, препознавање на начините преку кои можат да бидат вовлечени во трговија со луѓе и нивна самозаштита, истакна Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст - Крива Паланка. Работилницата се реализираше во соработка со Меѓуопштински центар за социјална работа од Крива Паланка,а ја водеа Андријана Давитковска, психолог од службата во центарот и Иван Станковски од општинскиот Црвен крст.ид/фф/

Остани поврзан