• петок, 20 декември 2024

Работилница за петгодишната имплементација на Законот за укажувачи

Работилница за петгодишната имплементација на Законот за укажувачи
Скопје, 18 мај 2022 (МИА) - Во организација на Транспаренси Интернешнл-Македонија денеска во Скопје ќе се одржи работилницата насловена „5 години од имплементацијата на Законот за укажувачи. Значењето на овој закон во борбата против корупцијата“. Работилницата се одржува во рамките на проектот „Застапување на имплементација на законодавство за укажувачите во Република Северна Македонија“, поддржан од грант на Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund на САД и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград кој е имплементиран од страна на Транспаренси Интернешнл - Македонија. Проектот, според организаторите, има за цел понатамошно влијание врз соодветна практична имплементација на законодавството за укажувачи преку обезбедување на континуитет во соработката со соодветните институции, подигање на свеста кај граѓаните и ажурирање на интерактивната веб -платформа за укажувачи. бк/мд/  

Остани поврзан