• четврток, 26 декември 2024

Работилница за креирање на родово одговорни локални програми за 2025 во Македонска Каменица

Работилница за креирање на родово одговорни локални програми за 2025 во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 25 септември 2024 (МИА) - Општина Македонска Каменица денеска и утре е домаќин на Работилницата за креирање на родово одговорни локални програми за 2025 година. На работилницата како што се наведува во соопштението од Општината, ќе бидат опфатени циклусите за родово одговорните политики, клучните принципи на локално ниво.  

-Во воведната сесија од работилницата од страна на Гордана Несторовска -експерт во областа на родовите прашања, ангажирана како менторка од страна на UN Woman, беа истакнати целите на работната средба, основните родови поими и концепти. Тука беа разгледани и одговорностите на јавниот сектор во промоција на еднаквоста и унапредување на родовата еднаквост на локално ниво, информираа од Општината.  

На работната средба, од страна на менторите на UN WWoman со вработените во ЕЛС Македонска Каменица и претставници од Советот на општината, беа нотирани повеќе точки за одговорно родово буџетирање во процесот на креирање и реализација на буџетот на општината.  

-Претходно, претставничките на UN Woman, Гордана Несторовска и Бранка Минчева – експерти во областа на родовите прашања ангажирани како менторки од страна на UN Woman остварија работна средба со градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски каде беше разговарано за Меморандумот за соработка, како и обврските на општините кои произлегуваат од ЗЕМ и другите национални документи, додадоа од Општина М.Каменица.  

Значењето на водењето на родова статистика, Улогата на КЕМ и на интерсекторската група, како и за потребите на општината за градење капацитети за родово одговорно буџетирање и подготовка на стратешки документи за родова еднаквост исто така биле тема на разговор со градоначалникот на М.Каменица. вс/вг/  

 

Фото: Општина Македонска Каменица 

Остани поврзан