• среда, 25 декември 2024

Работилница „Експериментално пишување преку феминистички и пост-хуманистички партиципативен уметнички пристап“

Работилница „Експериментално пишување преку феминистички и пост-хуманистички партиципативен уметнички пристап“
Скопје, 15 октомври 2022 (МИА) - Во салата на Советот на општина Центар, денеска КСП Центар Јадро организира дводневна работилница „Критичка материја и материја на критика: експериментално пишување преку феминистички и пост-хуманистички партиципативен уметнички пристап“, под раководство на Егле Амбрасаите од Литванија. Работилницата го означува циклусот на работилници во кој ќе се мотивираат младите критичари и теоретичари преку едукативен процес да стекнат нови вештини, знаења и пристапи спроведени преку предавања и работилници на истакнати критичари и теоретичари. Учесниците ќе се поттикнат да мапираат релевантни уметнички проекти, а потоа и да напишат свои критички осврти или есеи за овие дела и на тој начин да го вратат во јавната сфера критичкото промислување и дијалог. Преку работилниците за критичко пишување учесниците ќе научат да ги забележат и социјално-политичките односи во едно уметничко дело и каков и колкав е изгледот на тоа дело да отвори дебата и помеѓу тие што не се обично сметани како артистичка публика. свс/бак/  

Остани поврзан