• среда, 18 декември 2024

Работилница во рамки на проектот „Патеки за зелени микро акредитиви“ Општина Илинден

Работилница во рамки на проектот „Патеки за зелени микро акредитиви“ Општина Илинден

Скопје, 1 ноември 2024 (МИА) - Во рамки на проектот Вештини за зелена транзиција - Патеки за зелени микро акредитиви во кој е дел и Општина Илинден, а во организација на Стопанската комора за мал бизнис, се одржа работилница во просториите на Дом на култура „Илинден“.

-Станува збор за проект кој се спроведува преку програмата Еразмус+ кој се обидува да ја истражи употребата на микроакредитиви за усоврѓување возрасни во области поврзани со Европската агенда за зелени вештини. Проектот настојува да придонесе за развој на заедничка рамка и пристап за опис на програмите и исходи од учењето кои може да се користат во кратки курсеви за надградба на возрасни зелени вештини, информираат од Општина Илинден.

На работилницата присуствувал градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, претставници од Стопанската комора за мал бизнис, како и претставници од компании.

Во обраќањето градоначалникот Георгиевски истакнал дека, ова е една значајна област кон која треба сите да се стремиме и да имплементираме активности преку соработка за развивање и унапредување на зелени вештини односно да го насочеме нашето директно залагање во воспоставување на систем преку кој ќе придонесеме за подобрување на енергетската ефикасност, проширување на употребата на обновливите извори на енергија и поддршка за еколошката одржливост.

Општина Илинден, најавуваат оттаму, и во иднина ќе ги развива зелените вештини како и унапредување на заедничаката соработка со сите чинители во локалната заедница, бидејќи единствено тоа е вистинскиот пат за имплементирање на проекти во делот на енергетската ефикасност, користење обновливи извори енергија управување, спречување и намалување на загадувањето, отпадот и стакленичките гасови итн, се со цел да дадеме свој допиринос за поздрава животна средина а со тоа и поквалитетен живот на нашите граѓани. сст/са/

фото Општина Илинден 

Остани поврзан