• недела, 24 ноември 2024

Работилница во рамките на проектот „Инклузивни политики и знаења“

Работилница во рамките на проектот „Инклузивни политики и знаења“
Скопје, 23 јуни 2022 (МИА) - Полио плус – движење против хендикеп во соработка со Град Скопје денеска организира работилница за општинската администрација и претставници на јавните претпријатија. Работилницата, како што соопштија од Полио плус, се организира во рамките на проектот „Инклузивни политики и знаења“, што го спроведува Полио плус со поддршка од Град Скопје. - Стекнатите сознанија за Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп во поглед на обезбедување пристапна и достапна средина треба да придонесат до унапредување на предлог мерките во програмите и нивно усогласување со Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп на секоја институција, наведуваат организаторите. Се очекува учесниците на работилницата да предложат измени и дополнувања на постоечките програми и нивно усогласување со обврските од Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп. мс/вг/  

Остани поврзан