• четврток, 19 декември 2024

Работилница на тема „Правна заштита од дискриминација и права од работен однос“

Работилница на тема „Правна заштита од дискриминација и права од работен однос“
Скопје, 15 март 2021 (МИА) - Македонскиот полициски синдикат - Секција на жени, во партнерство со Македонското здружение на млади правници, денеска одржа работилница на тема „Правна заштита од дискриминација и права од работен однос". На работилницата присуствуваа државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Магдалена Несторовска, претседателот и генералниот секретар на МПС, Марјан Кицев и Киро Трајковски, потпретседателите и членови на Извршното биро на МПС, претседателот на Македонското здружение на млади правници, Зоран Дранговски и претседателот на Синдикатот на полицијата на Косово, Валбона Камбери. Присутните на работилницата, како што соопшти МПС, имаа можност поблиску да се запознаат со тоа што е дискриминација, нејзино препознавање, законска уреденост, механизми за заштита, права и обврски од работен однос. - Ваквата проактивна  активност на Македонскиот полициски синдикат преку Секцијата на жени при МПС беше поздравена од присутните гости и учеснички, со желба во иднина да продолжат ваквите активности  со цел  подигање на свеста и   јакнење на капацитетите на жените не само во Македонскиот полициски синдикат, туку и во Министерството за внатрешни работи Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од Македонскиот полициски синдикат. цр/сп/

Остани поврзан