• четврток, 26 декември 2024

Работен состанок на директорот на БЈБ Јанев со раководството на СВР Скопје

Работен состанок на директорот на БЈБ Јанев со раководството на СВР Скопје

Скопје, 8 октомври 2024 (МИА) - Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи, Александар Јанев денеска го посетил Секторот за внатрешни работи Скопје каде имал работен состанок со раководството на оваа организациона единица на македонската полиција.

Од МВР соопштија дека состанокот бил посветен на целите и задачите на Секторот во насока на натамошно подобрување на неговата ефикасност и квалитет на работа во интерес на безбедноста на граѓаните во главниот град.

- На средбата беше резимирана актуелната состојба во повеќе сфери од безбедноста на територијата под надлежност на СВР Скопје, особено од аспект на сложеноста на обврските и задачите што произлегуваат од спецификите на подрачјето (бројност и фреквентност на луѓе, административни и други значенија и слично) при што беше оценето дека безбедносната состојба задоволува но и дека има реални можности за нејзино натамошно подобрување. Во тој контекст на состонакот, меѓу другото, стана збор и за скорешните предвидени измени во организационо-структурното функционирање на Секторот, и дека тие сигурно можат позитивно да се одразат во секојдневното работење на сите служби во рамки на оваа организациона единица при Бирото за јавна безбедност, се наведува во соопштението од МВР. цр/бак/

Фото: МВР

Остани поврзан