• сабота, 16 ноември 2024

Работен состанок за координација на службите во Охрид задолжени за одржување на улиците и патиштата во зимски услови

Работен состанок за координација на службите во Охрид задолжени за одржување на улиците и патиштата во зимски услови

Охрид, 13 ноември 2024 (МИА) – Во врска со престојната зимска сезона Секторот за внатрешни работи од Охрид одржа одржа работен состанок со надлежните субјекти од општините Охрид и Дебрца, одговорни за зимско одржување на улиците и патиштата, како и со градежните компании кои работаат на изградба на автопатот Охрид - Кичево.

Состанокот е свикан со цел координација  и дефинирање на предлог-мерките за поуспешно дејствување на сите надлежни субјекти повикани за зимското одржување на патиштата и безбедно одвивање на патниот сообраќај во зимски услови.

На средбата беа ажурирани работните планови и програми за работа и одржување на патиштата во пресрет на зимската сезона и прецизно дефинирани задачите и обврските на сите субјекти, директно или индиректно задолжени за односната проблематика.

На работниот состанок се утврдени материјално-техничките средства и човечките ресурси со кои располагаат  надлежните јавни претпријатија за одржување на патиштата и улиците, нивната подготвеност за преземање на мерки за зимско одржување на патиштата, навремено известување и координација за состојбата на патиштата.

Работниот состанок е уште еден обид за синхронизирање и координирање на мерките на сите субјекти поврзани со зачувување на употребната вредност на патиштата и високо ниво на функционална состојба што треба да овозможи непречен и безбеден сообраќај во зимски услови. аб/сст/

фото/МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан