• вторник, 24 декември 2024

Рабио: Сакам да го видам Јувентус во ЛШ, дури и ако не сум во тимот следната сезона

Рабио: Сакам да го видам Јувентус во ЛШ, дури и ако не сум во тимот следната сезона

Торино, 14 април 2024 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио одговори на прашање за неговата иднина во тимот. 

Договорот на 29-годишниот Французин со торинскиот клуб е до јуни оваа година.

- Сè уште не разговарам за нов договор со Јувентус. Мојата цел сега е да го однесам тимот во Лигата на шампионите. Ќе разговараме за ситуацијата кога клубот ќе обезбеди место во елитното натпреварување. Сакам да го видам Јувентус таму, дури и ако не сум во тимот следната сезона, го цитира Рабио, новинарот Фабрицио Романо.

Претходно „Калчомеркато“ објави дека Рабио ќе го напушти клубот од Торино на крајот од сезоната 2023/24. Според изворот, преговорите за нов договор меѓу управата и Вероника Рабио, која е агент и мајка на играчот, влегле во ќорсокак. Страните не можеа да се договорат за платата на играчот.

Јувентус по 32. кола во Серија А е на третото место во поредокот со 63 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан