• среда, 18 декември 2024

Пјонгјанг повторно постави звучници за ширење пропаганда

Пјонгјанг повторно постави звучници за ширење пропаганда
Сеул, 22 јуни 2020 (МИА) - Северна Кореја повторно постави звучници за ширење пропаганда во области долж границата со Јужна Кореја, кои беа отстранети врз основа на договор со Сеул во 2018 година, објавија денеска јужнокорејските воени власти. По самитот на јужнокорејскиот претседател Мун Jе-Ин и севернокорејскиот лидер Ким -Џонг-Ун, двете Кореи се согласија да ги прекинат сите непријателски акти и да ги укинат средствата за непријателска пропаганда, како што се звучници и дистрибуција на летоци. Властите во Сеул наведуваат дека е откриено дека Северна Кореја повторно поставува звучници „на повеќе локации“ во рамките на Демилитаризираната зона на границата на двете земји. - Ваквите активности беа забележани во повеќе од 10 региони и се одвиваа истовремено, рече претставник на Генералштабот на Јужна Кореја. Министерството за одбрана на Сеул соопшти дека внимателно ги следи движењата на војската на нејзиниот северен сосед и дека е целосно подготвено да одговори веднаш на „разни можности“. Според новинската агенција Јонхап, Јужна Кореја ја разгледува можноста повторно да постави звучници како одговор на овој потег на Северот. паг/  

Остани поврзан