• недела, 24 ноември 2024

Пјеро Чиполоне единствен кандидат за нов член на Извршниот одбор на ЕЦБ

Пјеро Чиполоне единствен кандидат за нов член на Извршниот одбор на ЕЦБ

Брисел, 31 август 2023 (МИА) - Вицегувернерот на централната Банка на Италија, Пјеро Чиполоне e единствениот кандидат за нов член на Извршниот одбор на Европската централна банка, информира претседателот на Еврогрупата, Паскал Донохау.

Рокот за поднесување кандидатури за член на Одборот на ЕЦБ истече вчера.

- На состанокот на Еврогрупата на 13 јули, побарав од членките на Еврозоната да предложат кандидати за наследник на членот на Извршниот одбор на Европската централна банка, Фабио Панета, кој ќе се повлче од својата позиција од 1 ноември 2023 година. До крајниот рок, Италија беше единствената земја што предложи кандидат - Пјеро Чиполоне, вице-гувернер на Банката на Италија, соопшти Донохау.

Тој најави дека кандидатурата на Чиполоне ќе биде разгледувана на следниот состанок на Еврогрупата предвиден за 15 септември.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, член на ИО на ЕЦБ се бира со квалификувано мнозинство, односно за да биде избран кандидатот треба да добие поддршка од најмалку 15 од 20-те членки на Еврозоната и во нив да живеат најмалку 65 проценти од вкупниот број граѓани на државите од ЕУ што го користат еврото како национална валута. сп/

Фото: Банка на Италија

Остани поврзан