• четврток, 19 декември 2024

Пјаниќ утре ќе отпатува за Барселона

Пјаниќ утре ќе отпатува за Барселона
Торино, 27 јуни 2020 (МИА) - Договорот за размена на Артур и Миралем Пјаниќ е при крај. Според италијанските и шпанските медиуми, сè е договорено и следуваат само лекарски прегледи. Артур се очекува да замине во тимот од Торино по денешниот натпревар на Барселона со Селта. Босанскиот играч од средниот ред на Јувентус утре ќе мине тестови во Барселона, откри „Мундо Депортиво“. Се очекува Каталонците да добијат 70 милиони евра за Бразилецот, а малку подоцна да вратат 60 милиони за Пјаниќ. Договорот за Артур мора да биде објавен до 30 јуни, затоа што тогаш „Лос Кулес“ ќе ја заврши финансиската година. И двајцата играчи ќе останат во нивните сегашни клубови до крајот на сезоната во Лигата на шампионите.

Тагови

Остани поврзан