• сабота, 23 ноември 2024

Пчеларите од Пијанец и Малеш се едуцираа на тема ,,Празна кошница"

Пчеларите од Пијанец и Малеш се едуцираа на тема ,,Празна кошница

Делчево, 27 февруари 2024 (МИА) - Во организација на здружението ,,Пијанечка Пчела 2" синоќа во Делчево се одржа предавање на тема „Празна кошница". Предавач беше експертот од Република Србија, Владимир Млаѓан, а виталноста и одржливоста на пчелната заедница беа во фокусот.

-Најголем акцент ставивме на т.н. празна кошница која е актуелна и оваа година, а претставува комплекс од болести. Не можеме се да прикажеме, но пријдовме кон темата од аспект како да се подобри имунитетот и што тука може да се направи, рече Млаѓан.

Годината што измина, оцени, била добра во однос на родот.

-За жал, штетите беа големи. Резултатите до април ќе се знаат, бидејки страдаа многу пчели. Годинава треба да се следи појавата вароа. Иако е февруари, времето е топло, леглото почнува да се развива, а со тоа и вароата и затоа треба да повеќе да обрне внимание на нејзино спречување. Затоа ќе зборуваме за дезинфекција, додаде Млаѓан.

Според Јованчо Медарски, претседател на „Пијанечка Пчела 2", ова е прво организирано предавање во 2024 година.

-Оваа работилница е во рамки на годишната програма и со неа ги почнуваме активностите за 2024 година. Предвидени се повеќе предавања, посета на саеми. Се надеваме дека од ова пчеларите ќе имаат голем бенефит, зашто заштитата на пчелните семејства е најважната работа во одржувањето на пчелите. Посебно се задржуваме на синдромот на губење на пчелите во услови кога има мед и полен, дополни Медарски.

Годинава здружението ќе се фокусира на работа со млади пчелари. вс/мч/

фото: МИА

Остани поврзан