• недела, 24 ноември 2024

Пуштен во употреба фотоволтаичниот покрив во зградата на Општина Чаир

Пуштен во употреба фотоволтаичниот покрив во зградата на Општина Чаир
Скопје, 31 март 2022 (МИА) - На покривот на зградата на Општина Чаир денеска беа пуштени во употреба 70 поставени фотоволтаични панели кои имаат моќ да произведуваат електрична енергија до 20 киловати за еден час колку што дозволуваат постоечките закони. Проектот се реализира со директна инвестиција на Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно Одлуката за доделување на финансиски средства остварени по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски дотации на општините во износ од девет милиони денари. Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу истакна со овие панели годишно се очекува да се  произведуваат над 26 илјади киловати на час електрична енергија. - Овој начин на снабдување со електрична енергија значи чист и одржлив извор на енергија, одржлива енергетска иднина. Она што исто така е важно е дека ќе има зголемување на употреба на зелена технологија, воведување на транзиција кон листа енергија за да можеме да влијаеме да живееме поздрав живот и средствата од заштедите што ќе ги направиме ќе можеме да ги употребуваме за развој на благосостојбата на нашите сакани чаирчани за сите аспекти каде што е потребно, рече тој. Ганиу информира дека веќе се поставени и 180 фотоволтаични панели во четири образовни објекти на територијата на Општина Чаир - во основните училишта „7 март“, „Исмаил Ќемали“, „Конгреси и Манастирит“ и Градинката „Весеза“, кои веќе почнале да произведуваат 180 киловати на час електрична енергија за една година. - Проектот има многу придобивки, тргнувајќи од финансискиот аспект кој дава соодветен одговор на општата енергетска криза и ги намалува трошоците на општината, од здравствен аспект ги намалува негативните влијанија врз здравјето на луѓето, но придонесуваи за намалување на локалното и глобалното аерзагадување и ублажување на климатски промени, рече министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Според него, најдобар начин да се реши проблемот со климатските промени и локалното загадување на воздухот е да се спречи емисијата на гасови кои потекнуваат од согорувањето на фосилните горива за добивање на електрична енергија и топлина. - Примената на обновливите извори на енергија е најдобриот пристап за решавање на климатските промени, а во исто време и начин за намалување на загадувањето на човековата околина, додаде Нуредини. фф/нд/

Остани поврзан