• четврток, 26 декември 2024

Пуштен во употреба новиот систем за водоснабдување во Горно Свиларе

Пуштен во употреба новиот систем за водоснабдување во Горно Свиларе
Скопје, 18 мај 2021 (МИА) - Новиот резервоар за вода во селото Свиларе беше пуштен во употреба вчера, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ - Скопје. Изведбата на овој проект кој вклучува изградба на резервоар со капацитет од 250м3 во Горно Свиларе и проширување на капацитетот на резервоарот во Долно Свиларе е преку соработка на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и Општина Сарај. - Со цел реализација на овој проект, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, обезбеди пумпи за резервоарот и приклучни делови за системот како и поврзување на новите приклучоци за корисниците. Во текот на месец јуни, 2021 се очекува и поставување на опрема за автоматска работа на пумпите со што ќе се овозможи спојување на системот на Долно Свиларе со системот на Горно Свиларе, изјави заменик директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Џеладин Џеладини, стои во соопштението од претпријатието. На вчерашиот настан, покрај Џеладини, присутни биле и градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, и Министерот за животна средина, Насер Нуредини. ар/са/  

Остани поврзан