• недела, 28 јули 2024

Пуштени во употреба новите простории на Црвен крст Кавадарци

Пуштени во употреба новите простории на Црвен крст Кавадарци

Кавадарци, 20 октомври 2023 (МИА) - Црвен крст Кавадарци доби нови простории, една година и пет месеци по пожарот кој избувна во поранешниот објект. Денеска беше ставен во функција новиот простор на површина од 230 квадратни метри, на кои претходеше реконструкција на канализационата и водоводната линија од страна на ЈП ,,Комуналец" Кавадарци.

 - Црвен Крст претставува доброволна, масовна и независна хуманитарна организација на граѓаните, секогаш во вршењето на своите активности заедно со Локалната самоуправа и јас како градоначалник, со единствена цел учество во системот на цивилна заштита на граѓаните како во Општина Кавадарци, така и на ниво на Република Македонија, рече кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, упатувајќи честитки до сите, особено до претседателот на организацијата во Кавадарци, Диме Каракулев, и сите учесници и волонтери.

Јанчев појасни дека се работи за инвестиција од 7.800.000 денари, од кои 3.000.000 се средства на Црвен крст, а останатите се собрани од донации.

Во своето обраќање, Каракулев се осврна на многубројните резултати во функционирањето на Основната организација на Црвен крст, а меѓу другото, нагласи дека кавадаречката организација е на врвот по крводарување и годинава на прво место по проекти со млади, за промоција на хумани вредности. свд/ сан/


Фото : МИА 

Остани поврзан