• среда, 25 декември 2024

Пуштени во употреба новите простории на ОЈО Куманово

Пуштени во употреба новите простории на ОЈО Куманово
Куманово, 28 февруари 2020 (МИА) - Обвинителите од Основното јавно обвинителство Куманово од денеска се сместени во нови реконструирани простории во зградата на Основниот суд. Од денеска, кумановското обвинителство е сместено на третиот кат и има двојно поголем број на простории. Реконструкцијата на обвинителствата се спроведува со средства од фондовите на ЕУ. Од понеделник ќе почне да функционира и истражниот центар за кој е обезбедена канцеларија. - Проектот, покрај ова обвинителство опфаќа десет oсновни јавни обвинителства од кои две други во Струмица и Битола добиваат нови простории, додека во другите се реновираат постојните простории. Некои обвинителства добиваат проширување на просториите. Реконструкцијата на обвинителствата се одвива преку поддршка од ИПА фондовите од ЕУ. Условите во кои ја извршуваат функцијата јавните обвинители значително ќе се подобрат, спомнав дека тоа се однесува за зградите од половина на обвинителствата, а општо познато беше дека обвинителствата имаа несоодветни услови за работа, во некои од обвинителствата дури условите беа многу тешки, изјави државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Основниот јавен обвинител од ОЈО Куманово, Теута Бедиу Рамадани информираше дека ова е голема промена бидејќи опфаќа целосна реконструкција на просториите на третиот кат, лифт кој можат да го користат странките со инвалидитет, со што се исполнуваат станадардите за ваква институција, а ќе можат да го користат и странките од судот. -Можам да кажам историска промена, бидејќи и сами сте имале прилика да видите во какви услови работевме. Направувме размена на просториите со судот, добивме пет канцеларии повеќе, конференциска сала. Имавме добра соработка со судот во овој контекст, изјави Бедиу-Рамадани. Со одлука на републичкиот јавен обвинител формиран е истражен центар и кумановското обвинителство е меѓу првите во групата. -Можам да кажам дека делумно е решен проблемот, бидејќи очекуваме избор на нови обвинители, нови вработувања, така што планираме да го користиме и другиот дел од катот каде сега е сместено Водостопанство, додава Бедиу Рамадани. Во Куманово вработени се десет обвинители. Во истражувачкиот центар изберени се двајца истражители од општ криминал, а во план е да се избере и од економски криминал. ам/аа/

Остани поврзан