• среда, 04 февруари 2026

Пуштени во продажба билетите за баражот против Данска

Пуштени во продажба билетите за баражот против Данска

 

Скопје, 3 февруари 2026 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација на 26. март на стадионот „Паркен“ во Копенхаген против Данска ќе го одигра плеј-оф натпреварот за пласман на Светското првенство 2026.

Фудбалската федерација на Данска, за македонските навивачи обезбеди 1.750 влезници по цена од 3.650 денари, како и дополнителни шест билети за корисници на инвалидски колички.

Навивачите на македонскиот национален тим можат да купуваат билети директно преку веб – платформата на ФФМ – https://eticket.ffm.mk/.ег

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан