• сабота, 23 ноември 2024

Пуштена во употреба реновирана операциона сала на Универзитетска клиника за ортопедски болести 

Пуштена во употреба реновирана операциона сала на Универзитетска клиника за ортопедски болести 

Скопје, 11 јануари 2024 (МИА) - Реновирана операциона сала на Универзитетска клиника за ортопедски болести денеска е пуштена во употреба. Станува збор за целосно реновирање на првата операциона сала со помошни простории, соба за одмор и соба за премедикации на околу 150 квадратни метри.

Вкупната вредност на инвестицијата е 15 милиони денари обезбедени од Фондот за здравство и од донации.

Министерот за здравство Фатмир Меџити, кој заедно со премиерот Димитар Ковачевски, присуствуваа на настанот, рече дека на оваа Клиника годишно се изведуваат 1.600 операции, а сега со новата реновирана операциона сала, бројката ќе се зголеми до 2.000 оперативни зафати на годишно ниво. 

Меџити нагласи дека оваа сала не била во употреба од 2017 година и со нејзиното реновирање, сериозно се зајакнуваат капацитетите на установата.

- Би сакал да истакнам дека оваа клиника е пример за успешно менаџирање на јавно-здравствена установа. Пред три години комплетно беше реновирана Клиниката, а исто така се изведе и првата трансплантација на коска во државата. Пред еден месец, од Буџетот на Министерството набавивме нов артроскопски столб наменет за пациентите. Редовно се инвестира во нова опрема, импланти и се вложува во здравствените работници, додаде Меџити. бд/бак/


Фото: МИА 

Остани поврзан