• четврток, 26 декември 2024

Пуштена во употреба пешачко - велосипедската патека Петровец - Ржаничино

Пуштена во употреба пешачко - велосипедската патека Петровец  - Ржаничино
Скопје, 14 февруари 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски денеска ја пушти во употреба пешачко - велосипедската патека која ги поврзува двете најголеми населени места во Општина Петровец, Петровец и Ржаничино.
 
Како што информираат од општинската прес-служба, на свеченоста присуствуваа претседателот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пратеничката во македонското Собрание Марија Петрушевска, претседателот на Совет на Општина Петровец Блаже Никчевски, советниците од Советот на Општина Петровец, како и голем број на претставници на бизнис секторот и жители од општината.
 
Пешачко - велосипедската патека е во должина од 2050 метри и ширина од три метри. Финансиските средства во износ од 23.000.000 денари во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец. дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан