• недела, 17 ноември 2024

Пуштена во употреба градинката „Пеперутка“ во Стајковци

Пуштена во употреба градинката „Пеперутка“ во Стајковци
Скопје, 27 јули 2021 (МИА) - Нова детска градинка „Пеперутка“ денеска беше пуштена во употреба во селото Стајковцки во Општина Гази Баба. Градинката содржи шест занимални и две јазли групи со можност за згрижување на повеќе од 140 дечиња. Нејзината изградба, партнерното и хортикултурното уредување е целосно финансирано со средства од Буџетот на Општина Гази Баба во вредност од 30 милиони денари. Опремата во градинката е набавена со поддршка на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика. Градинката се простира на 1.230 метри квадратни. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска потенцира дека за нив како Министерство, но, пред се како Влада, приоритет е грижата за секое дете во државата. - Кога говорам за секое дете, тогаш мислам и буквално, затоа што отвораме градинки и во најодалечените и рурални средини во државата. Отворивме градинки во Боговиње, Брвеница, Лозово, Росоман, Градско и во сите населени места во државата. Многу е значајно предучилишното образование, затоа што децата низ процес на социјализација и низ процес на игра ги уча основните животни навики, ги градат основните морални принципи и вредмости како да се дружат меѓу себе, да ги почитуваат различностите, да ги почитуваат возрасните, но меѓутоа и да учат за да можат подготвени понатаму да продолжат во образовниот процес, рече Шахпаска. Во овој период од 10,5 месеци, посочи таа, зголемен е опфатот на 1000 деца во детските градинки. Шахпаска најави дека го крајот на годината остануваат да бидат отворени уште 11 детски градинки. Премиерот Зоран Заев изјави дека Општина Гази Баба е една од оние општини во која посебно се негува, како што истакна, успешниот концепт „Едно општество за сите“. Кога зборуваме за тој концепт, нагласи, зборуваме за еднаков пристап на најсовремените објекти за претшколско згрижување на децата од сите етнички заедници. - Општина Гази Баба за овој период има отворено повеќе од 250 нови места во детските градинки. Со изградбата на новата градинка „Пепетурка“, како и со проширувањето на капацитетот на градинката „Морковче“ во Јурумлери и „Калинка“ во Желчезара. За овој период реконструирани се сите 11 објекти од детската градинка, односно општината покрај редовните дотации од МТСП, од својот буџет годишно одвојува од 10 до 15 милиони денари наменети за капитални инвестиции во објектите на детските градинки, истакна Заев. Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски истакна дека со изградбата на оваа градинка, родителите од Стакјовцки, Смилковци, Виниче, Страчинци, Булачани, Црешево, Раштак и Брњарци нема да имаат потреба повеќе дечињата да ги носат во најблиските градинки кои се со километри одалачени од нивните домови. - Нивните деца ќе бидат блиску до свопите домови, во новата градинка „Пеперутка“. Децата сами го одбраа името „Пеперутка“. Веќе овваа недела, првите 54 дечиња кои се запишани во градинката „25 Мај“ ќе го исполнат овој наш простор во новата градинка со жагор и смеа. Во градинката е обезбеден посебен простор за медицинска помош, канцеларии и чајна кујна. Објектот е поврзан на водоводна и канализациска мрежа, а ќе се затоплува на пелети. Во дворот на градинката се садени повеќе од 20 дрва, рече тој и најави дека следна цел на општината е изградбата на нови детски градинки во Ќерамидница, Трубарево, Сингелиќ и Инџиково.фф/сст/  

Остани поврзан