• среда, 25 декември 2024

Путин ја обвини Украина дека е поврзана со нападот во концертната сала во Москва

Путин ја обвини Украина дека е поврзана со нападот во концертната сала во Москва

Москва, 23 март 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја обвини Украина дека е поврзана со нападот на концертната сала во Москва, пренесе Бета.

Путин во обраќањето до граѓаните по синоќешниот трагичен напад кажа дека сите четири лица директно вклучени во нападот се приведени и посочи дека при бегството се обиделе да ја минат границата во Украина. 

Истото тврдење претходно го истакна и шефот на Федералната служба за безбедност (ФСБ), Александар Бортников, но доказите за тоа не се објавени.

Рускиот претседател додаде дека по вчерашниот терористички напад во целата земја се воведени дополнителни безбедносни мерки.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Исламска држава (ИД), што го потврдија и американските разузнавачки агенции.

Официјален Киев остро ги демантираше ваквите тврдења на  руските претставници. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан