• среда, 18 декември 2024

Путин се согласи да потпише договор за стратешко партнерство меѓу Русија и Иран

Путин се согласи да потпише договор за стратешко партнерство меѓу Русија и Иран

Москва, 18 септември 2024 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин го прифатил предлогот на руското Министерство за надворешни работи за потпишување договор за стратешко партнерство со Иран.

Информацијата ја пренесе „Тајмс оф Израел“ повикувајќи се на „наредба на Путин објавена на државната веб-страница“.

Во документот се наведува дека потпишувањето на таков договор би било „целисходно“, но не се прецизира кога би можел да биде потпишан. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан