• четврток, 26 декември 2024

Путин се надева на мирно решение на судирот во Нагорно Карабах

Путин се надева на мирно решение на судирот во Нагорно Карабах

Москва, 20 септември 2023 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека се надева на „мирно решение“ на конфликтот во Нагорно-Карабах.

-Ние сме во многу близок контакт со страните во конфликтот. Се надеваме дека можеме да постигнеме деескалација и мирно решение на проблемот, рече Путин, пренесен од руската државна телевизија.

Меѓутоа, засега е нејасно дали Путин ја дал изјавата пред или по најавениот договор за прекин на огнот.

За денеска во Нагорно Карабах беше најавен прекин на огнот, бидејќи ерменските сепаратисти се согласија да го положат оружјето и да преговараат за реинтеграција на оваа територија во Азербејџан. сд/

Остани поврзан