• четврток, 26 декември 2024

Путин: Руската рака ќе стигне до сите вмешани во нападот на Крокус Сити Хол

Путин: Руската рака ќе стигне до сите вмешани во нападот на Крокус Сити Хол

Москва, 2 април 2024 (МИА) – Руската рака ќе стигне до сите кои наредиле и имале корист од терористичкиот напад во Крокус Сити Хол во Москва, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

- За нас е важно да ги утврдиме не само директните извршители, туку и сите алки, криминални синџири на оние кои имаат корист од тоа злосторство. Сигурно ќе дојдеме до нив, рече рускиот лидер на продолжениот состанок на колегиумот на МВР.

Русија плати многу висока цена за терористичкиот напад во „Крокус Сити Хол, а анализата за состојбата на работата на безбедносните органи мора да биде крајно објективна и професионална, истакна Путин.

- Важно е, пред сè, да се подигне безбедноста на ново ниво – да се обезбеди ред во спортски објекти, транспортни и трговски и забавни центри, училишта, болници, универзитети, театри и така натаму, рече рускиот лидер.

Во исто време, тој рече дека не треба да се дозволи неодамнешните трагични настани во Крокус Сити Хол да предизвикаат зголемување на ксенофобијата и исламофобијата.

Путин го повика и Министерството за внатрешни работи да внимава на акциите за неутрализирање на организираниот криминал.

- Да се има предвид дека таквите групи, понекогаш вистински криминални синдикати, често имаат прекуграничен карактер и работат рака под рака со странски разузнавачки служби, емисари на меѓународни радикални екстремистички структури, рече рускиот претседател. јт/

Фото: Скриншот

Остани поврзан