• четврток, 26 декември 2024

Путин: Руската војска подготвува одговор за нападот врз мостот на Крим

Путин: Руската војска подготвува одговор за нападот врз мостот на Крим

Одеса, 18 јули 2023 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека Министерството за одбрана подготвува предлози за руски одговор на нападот што го оштети мостот Керч, што ги поврзува Крим со јужна Русија, за што ја обвини Украина, јави Скај Њуз.

На крајот од средбата со националните и регионалните претставници за проценка на последиците од експлозијата, што беше пренесувана на телевизија, рускиот претседател нападот врз мостот го нарече „суров и бесмислен чин“ - означувајќи го како „терористички акт“, бидејќи, како што тврдеше, мостот со месеци наназад не бил користен за снабдување на руските сили кои се борат во Украина.

-Ќе има одговор од Русија на терористичкиот напад на мостот на Крим, рече тој.

„Министерството за одбрана подготвува релевантни предлози. Она што се случи беше уште еден терористички напад на режимот во Киев, кој немаше логика од воена гледна точка“, наведе рускиот претседател.

Украина официјално не ја презеде одговорноста, но медиумите во земјата соопштија дека украинските безбедносни служби разместиле поморски дронови. сд/

Остани поврзан